Имаме нов тркач во градот

Претходниот рекордер, австралиската тигар-бубачка достигнува брзина од 171 должина во секунда. За споредба, гепардот достинува  брзина од само 16 должини во секунда.

Брзината на крлежот е еквивалентна на човек кој би се движел со 1300 милји на час.

Д-р Џонатан Рајт, професор по биологија на колеџот Помона, првично бил заинтересиран за мускулната биохемија на крлежите и за тоа колку брзо се движат во нивната природна средина. Така е забележан новиот светски рекорд. Ако одиме подлабоко, истражувањата за начинот на кој овие животинчиња ја достигнуваат брзината би можеле да бидат револуционерни за дизајн на технологијата и општо за физиката.

Истражувачкиот тим, исто така, бил изненаден од толеранцијата на топлина кои крлежите ја имаат. Тие функционираат на 140 фаренхајтови степени (60 целзисуови), температура која е смртоносна за повеќето животни.

Запираат и менуваат насоки исклучително брзо, па истражувачите сметаат дека би биле релевантни за биоинжинерски апликации.

Иако крлежот е идентификуван во 1916 година, до денес малку се знае за неговите навики и извори на храна.

Поддржете ја нашата работа: