Имаме ново најбрзо електрично возило

Минатиот месец, новото електрично возило „Grimsel“ успеа да забрза од 0 до 100 километри на час за само 1,513 секунди, со што официјално постави нов рекорд и стана најбрзото електрично возило на светот.

Претходниот светски рекорд изнесуваше 1,779 секунди и беше поставен во 2015 година од страна на Универзитетот во Штутгард, Германија.

Новиот рекорд беше поставен на 22 јуни во воздухопловната база Дубендорф, во близина на Цирих, од страна на 30 студенти од Универзитетот ЕЗТХ Цирих и Универзитетот за применети науки и уметности во Швајцарија. Тие го изградиле возилото за помалку од една година, кое всушност претставува шестото електрично возило во Академскиот мотоклуб Цирих – клуб кој го создале студентите на ЕТХ Цирих во 2006 година и кој поставува нови стандарди во технологијата на електрични возила.

Возилото е изработено од материјали од јаглеродни влакна и тежи само 168 килограми.

Поддржете ја нашата работа: