Индија успешно лансираше 20 сателити во вселената со само една ракета

Индиската вселенска истражувачка организација испрати 20 сателити во орбитата со само едно лансирање, односно една ракета за само 26 минути, со што го одбележи најголемото лансирање на сателити во историјата на агенцијата на оваа земја.

Претходниот рекорд изнесуваше 10 сателити со само една мисија, а ова најново остварување само го зацврстува местото на Индија на глобалниот вселенски пазар и ја доближува поблиску до достигнувањата на НАСА (29 сателити во 2013 година) и на Руската федерална вселенска агенција (33 сателити во 2014 година).

Сателитите беа лансирани со ракетата „PSLV-C34“ од индискиот вселенски центар Шрихарикота, на источниот брег на Индија и им припаѓаат на разни американски, германски, канадски и индонезиски компании од кои повеќето треба да ја набљудуваат и мерат атмосферата на Земјата, а останатите треба да овозможат подобри услуги за радио операторите, подобар ТВ сигнал или временска прогноза.

Главниот сателит е „Cartosat-2“ кој и припаѓа на Индија, тежи 725,5 килограми и ќе се користи за набљудување на Земјата, слично на програмата „Landsat“ на НАСА.

Индиската вселенска агенција во последниве години стекна добра репутација поради успешните и прилично евтини мисии со што станува главен играч во вселенскиот простор. приклучувајќи се во редовите на НАСА, „SpaceX“ и „Blue Origin“.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.