Интересни факти за левучарите

Левучарите сочинуваат 10-12% од популацијата. Некои сметаат дека да се биде левучар е привилегија, некои сметаат дека се попаметни бидејќи се левучари, а некои едноставно се соочуваат со потешкотии со оглед на тоа дека живееме во свет на десничари. Како и да е, еве неколку интересни факти за левучарите кои можеби не сте ги знаеле:

  • Некои од вашите омилени познати личности се левучари

Том Круз, Вупи Голдберг, Пол Мекартни, Опра Винфри, Џастин Бибер, Селин Дион, Џенифер Лоренс, Бред Пит и Анџелина Џоли се левучари. Мерлин Монро, Курт Кобејн и Џими Хендрикс исто така биле левучари. Можеби тоа е тајната за успехот.

  • Бебињата може да покажат знаци дека се левучари

Кога бебето лежи на стомак, ако ја сврти главата на лево значи дека е левучар, ако ја сврти на десно дека е десничар. Можеби е случајност, но со сигурност е тренд што се повторува.

  • На сите слики ѓаволот е претставен како левучар

Со оглед на тоа што црковниот благослов се прави со десна рака, логично е левата да му се припишува на ѓаволот. Латинискиот збор за лево е “sinister“ што значи злокобен, па можеби затоа во минатото децата биле присилувани да пишуваат со десна рака, иако биле левучари.

  • И вештерките исто така

Во историските текстови за вештерство во Европа, вештерките ја користеле левата рака за да фрлаат магии или клетви на другите. Наводно доволно било само да допрат некој со левата рака за да го проколнат. Можеби од тука потекнува лошата репутација на левучарите.

  • Левучарите можеби навистина се попаметни

Универзитетот Св. Лоренс спровел тестови за коефициентот на интелигенција кај левучари и десничари. Резултатите покажале дека повеќе левучари имале коефициент над 140. Покрај тоа, сетете се дека и Алберт Ајнштајн, Чарлс Дарвин, Бенџамин Френклин и Исак Њутон биле левучари.

  • Левучарите пијат повеќе алкохол

Една анкета на повеќе од 25 илјади луѓе од 12 земји покажала дека левучарите пијат почесто отколку десничарите. За среќа, нема никакви индикации дека повеќе го злоупотребуваат алкохолот.

  • Левучарите се уметнички души

Анкета на повеќе од 2 илјади левучари покажала дека поголемиот дел од нив преферираат кариери во областа на уметноста и музиката

  • Левучарите имаат поголем ризик за ментално пореметување

Левата хемисфера од мозкот ја користат и левучарите и десничарите. Но, 30% од левучарите повеќе ја користат десната хемисфера, и како резулатат на тоа имаат поголем ризик за развој на шизофренија, дислексија или АДХД.

  • 13 август е светски ден на левучарите
Поддржете ја нашата работа: