Седум целосно автономни компјутери ќе се соочат во историска битка во Лас Вегас следниот месец, при што секој ќе се обиде да се заштити себеси од хакирање и да ги истакне недостатоците без човечка контрола.
Натпреварот на „DARPA“ којшто е наречен „Cyber Grand Challenge“ и е закажан за 4-ти август 2016 година, ќе се одржи во Лас Вегас за време на двете најголеми хакерски конференции „Blackhat USA“ и „DEFCON“ и можеби ќе докаже дека машините можат да ги победат дури и најдобрите човечки хакери.
Просечно, недостатоците во софтверот остануваат незабележени околу 312 дена – што хакерите често го искористуваат. Откако човекот ќе ги забележи тие недостатоци, најпрво треба да ги разбере, па да ги поправи и потоа да ги направи достапни за пошироката заедница, што може да трае речиси една година. Научниците сакаат да го автоматизираат овој циклус и да го претворат во нешто што може да се поправи за неколку минути, па дури и секунди.
Компјутерите се програмирани од страна на седум тимови на финалисти за да го препознаат и разберат непознатиот софтвер, да му ги откријат недостатоците и да го поправат. Откако ќе започне натпреварот, компјутерите ќе бидат препуштени самите на себе.
Овој предизвик, односно натпревар е главно насочен на одбраната. Комјутерите нема меѓусебно да се хакнуваат, туку ќе бараат недостатоци во сопствениот софтвер, како и во софтверот на другите компјутери и потоа ќе испратат порака до судијата кој ќе провери дали пронајденото е точно и дали со тоа би можело да се хакне другата машина.
Првопласираниот тим ќе освои награда од 2 милиони долари, второпласираниот 1 милион долари и третопласираниот 750 илјади долари.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























