Истражувачите тврдат дека го откриле човековото „шесто сетило“

Еден истражувач од Калифорнискиот институт за технологија е уверен дека пронашол докази за способноста на човекот да го детектира магнетното поле на Земјата, способност што е наречена магнеторецепција. Досега, докажано е дека некои инсекти, птици и цицачи (како кучињата) ја имаат оваа способност.

Геофизичарот Џо Киршвинк направил мал експеримент во кој биле вклучени 24 учесници. Тој го презентирал своето истражување во април на средбата на Кралскиот институт за навигација во Велика Британија, и добил финансии од 900 илјади долари, па во моментов соработува со научници од Јапонија и Нов Зеланд за да ги потврди заклучоците. Но,  бидејќи истражувањето се’ уште е во процес на пишување и резултатите се’ уште не се рецензирани, мора да бидеме претпазливи и да останеме скептични се додека не се потврди спротивносто.

И претходно имало слични вакви истражувања кои не биле успешни поради електромагнетни пречки. За да не му се случи истото, Киршвинк изградил Фарадеев кафез каде што тест субјектите седеле во темница, со чисто магнетно поле како единствен стимул.

700x714_Final_explainer_Drupal_0

 

Според „Science“, идејата на Киршвинк и неговиот тим е да употребат ротирачко магнетно поле, со сила слична на магнетното поле на Земјата, и со помош на електроенцефалографија да го снимаат одговорот на мозокот.

Овој експеримент покажал дека имало намалување на алфа брановите на учесниците кога магнетното поле ротирало налево.

Овој метод нема за цел да открие од каде или како телото би го детектирало магнетнто поле, но би можел да биде важен чекор кон докажувањето на тоа дека луѓето навистина ја имаат таа способност.

Поддржете ја нашата работа: