Герминативните клетки се присутни во телото кај ‘рбетниците од двата пола, но молекуларниот механизам кој доведува до тоа дали ќе се развијат во сперматозоид – машка репродуктивна клетка, или јајце клетка – женска репродуктивна клетка, беше нејасен.
Научниците направиле експеримент на малата риба наречена медака и откриле дека генот „foxl3“ е одговорен за контрола на овој процес. Овој ген, пред сѐ е активен во женските гоноцити и спречува тие, во јајниците, да преминат во сперматозоиди, наместо во јајце клетки.
Кога научниците го спречиле дејството на генот кај рибата – женка, герминативните клетки во јајниците се претвориле во сперматозоиди наместо во јајцеклетки. Овие сперматозоиди функционирале нормално и успешно оплодиле јајце-клетка и продуцирале здраво потомство.

Кај луѓето не постои истиот ген, но научниците веруваат дека сличен генетски механизам се одвива и кај човекот.
„Досега не беше познато дека гоноцитите кај ‘рбетниците поседуваат механизам кој одлучува дали ќе се претворат во сперматозоиди или јајце-клетки. Се сметаше дека гоноцитите се пасивни клетки, кои се регулирани од другите клетки. Фактот дека функционални сперматозоиди може да се развијат во женска средина е големо изненадување. Овој механизам кај гоноцитите е потполно независен од полот на телото, што претставува сосема ново сознание“, велат научниците.
Наодите се објавени во списанието „Science“.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























