Јапонска медицинска сестра на иднината


Населението во Јапонија се повеќе старее, а деца се раѓаат се помалку. Тоа создава низа проблеми, меѓу кои и недостаток на негуватели за стари лица. Во обид да го компензира овој недостаток, државата  најде друго решение – роботи.
Истражувачкиот институт „RIKEN“ изработи робот со лик на „мило кадифено мече“ што може да ги подигне и да ги носи лицата кои тешко се движат, или да им помогне да станат и да се потпрат на помагалата за одење.

„ROBEAR“ е третиот по ред робот изработен со лик на кадифено мече. Првиот и вториот робот беа наречени „RIBA“ и „RIBA-II“- иако ниту еден од нив се’ уште го нема на пазарот.

Роботот (ROBEAR) е поусовршен од својот претходник „RIBA-II“. Многу е полесен, тежи 140кг, за разлика од „RIBA-II“ кој тежи 230кг. и има помала основа што го прави покомпактен и полесен за управување. Направени се и други, внатрешни подобрувања што му овозможуваат на роботот да ги движи зглобовите со поголема брзина и прецизност, а исто така и движењата наназад да бидат полесни и порамномерни.

Три типа на сензори му овозможуваат на роботот да биде и понежен исто така. Поставени се посебните паметни тактилни сензори и други сензори, кои му овозможуваат на роботот да „чувствува“. Тоа значи дека роботот може да ги подигне пациентите без да ги повреди или да ги загрози.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt