Јапонците со нови идеи за безжичен пренос на енергија

Користени се микро бранови за да се добијат 1,8 киловати – доволно за покренување на електричен котел. Енергијата се движела низ воздухот со неверојатна  прецизност  до примачот на 170 метри оддалеченост.

Иако тоа не е голема далечина, технологијата би можела да го отвори патот за создавање на соларна енергија во вселената, која би се користела Земјата, изјави во четвртокот потпаролот на Јапонската агенција за вселенски истражувања (ЈАХА).

Ова е прв пат некој  да успее да пренесе речиси 2 киловати преку микро бранови кон мал таргет, со користење на деликатен уред за контрола на правецот.

JAXA со години работи на осмислување на вселенски системи за соларна енергија, или “SSPSs“. Соларната енергија во вселената нуди многу предности, особено постојаната достапност на енергија без оглед на временските услови или времето од денот.

Додека вештачките сателити, како оние на Меѓународната вселенска станица, веќе долго време се во можност да ја користат сончевата енергија, добивањето на енергија долу на Земјата, каде што луѓето можат да ја користат наликува на научна фантастика.

Овој чекор на Јапонците дава надеж дека луѓето еден ден ќе имаат непресушен извор на енергија во вселената.

Идејата всушност е сателити кои пренесуваат микро бранови со панели и антени за апсорбирање на сончевата светлина да се постават на околу 36 000 км. од Земјата.

Но, прогнозите за практична примена на технологијата се во 2040 година или подоцна.

Постојат голем број на предизвици кои треба да се надминат, како што е испраќањето на огромни структури во вселената, како да се изградат и одржуваат.

Концептот “SSPS“ се појави во САД во 1960-тите години. Јапонската верзија, главно финансирана од страна на Министерството за индустрија, започна во 2009 година.

Јапонија има сиромашни ресурси и увезува значителни количини на фосилни горива. Таа стана значително повеќе зависна по катастрофата со Фукушима во 2011 година.

Кога сме кај енергијата, во меѓувреме „Mitsubishi Heavy Industries Ltd“ објави дека успеала безжично да пренесе 10 киловати до 500 метри одалечен примач, при тест во Кобе. Компанијата се надева дека ќе најде практични апликации на оваа технологија во наредните пет години, како на пример напојување на електрични возила или предупредувачки светла во кулите за пренос на електрична енергија. Компанијата, исто така, изјави дека една од целите е да се снабдат со електрична енергија изолирани области во случај на катастрофи.

Според „ Mitsubishi“, трошоците за развој на технологија и микро бранови за безжичен пренос на енергија од вселената се високи. Компанијата планира да го преполови буџетот.

Во моментов, поефикасен систем е електричната енергија од офшор ветерни турбини и нејзин пренос во изолирани рурални области.

Поддржете ја нашата работа: