Ноќта на 8-ми март Земјата ќе помине помеѓу Сонцето и Јупитер, со што најголемата планета во нашиот Сончев систем, Јупитер, ќе се постави спротивно од Сонцето. Тоа ќе предизвика Јупитер да биде тогаш најмногу осветлена планета, од кое било друго време во текот на годината.
Со астрономски речник, Јупитер ќе биде „во опозиција“, што значи дека ќе се најде спротивно од Сонцето, и ќе биде најблиску до Земјата во 2016 година. Се очекува ноќта на 8-март Јупитер да биде на оддалеченост од околу 664 милиони километри од Земјата.
Ова ќе овозможи Јупитер, заедно со своите четири најголеми месечини (познати и како Галилеови месечини) да може да се види дури и со двоглед, бидејќи ќе биде најсветлиот објект на небото, покрај Венера.
„Венера ќе биде во линија со Сонцето, така што ќе биде лесно да се види Јупитер како насветол објект што се издига од спротивната страна на Сонцето“- објаснува Ален Дафи од Универзитетот Свинбурн во Австралија за „Australian Geographic“.
За да дознаете повеќе за Јупитер во пресрет на неговата опозиција, погледнете го извонредното видео на астрономот Фил Плат.