Како алкохолот влијае на машкото либидо?

Прекумерното конзумирање на алкохол е честа причина за еректилна дисфункција, според клиниката Мајо. Како што се зголемува количеството на алкохол во крвта, се намалува способноста на мозокот да почувствува сексуална стимулација. Алкохолот влијае на деловите од нервниот систем кои се од суштинско значење за сексуалната возбуда и оргазамот, вклучувајќи го и дишењето, циркулацијата и чувствителноста на нервните завршетоци.

Во однос на циркулацијата, алкохолот предизвикува ширење на крвните садови, што влијае на начинот на кој крвта се движи во и надвор од пенисот. Добрата циркулација ја регулира релаксацијата и контракцијата на пенисот, така што може да се добие и оддржи ерекција. Без неа, без разлика колку многу сакате, тоа нема да се случи.

Едно истражување од 2009 година, објавено во „The Journal of Sexual Medicine“ открива дека помалиот волумен на течноста во телото, заедно со депресивниот нервен систем, води до слаби сексуални перформанси. Тоа е така затоа што алкохолот може да го дехидрира телото, и притоа да го намали волуменот на крвта, а да го зголеми хормонот ангиотензин кој е поврзан со еректилната дисфункција.

За да го избегнете ова, не значи дека не треба да пиете алкохол, туку едноставно да пиете во умерени количини. Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам го дефинира умереното пиење како не повеќе од 2 пијачки дневно за мажите, и 1 пијачка дневно за жените.

Црниот дроб може да обработи само околу 30 мл. алкохол (или 1 стандардна пијачка) за еден час. Доколку конзумирате повеќе од тоа, системот ќе се засити, ќе се зголеми нивото на алкохол во крвта и ткивата, се додека црниот дроб не се подготви за повторно да го метаболизира. Дотогаш, високата концентрација на алкохол во крвта ќе трае неколку часа и физиолошки ќе влијае на вас.

Нивото на алкохол, она што сте го јаделе, како и вашата тежина влијаат на тоа како ефект ќе има алкохолот врз вашето тело. А кога станува збор за сексуалните перформанси, нема разлика помеѓу видот на алкохолот, па не е важно дали сте пиеле пиво, вино, виски или слично. Па, ако пиете алкохол пред да имате секс, по втората чашка земете си вода, или ако веќе сте испиле повеќе, можеби е подобро да си заминете дома сами.

Поддржете ја нашата работа: