Како би изгледала Земјата доколку има прстени како Сатурн

Седумте прстени на Сатурн, направени од мраз и карпи, се најголемите и најсветлите во нашиот сончев систем. Уметникот Рон Милер ни открива дека тие би изгледало убаво и околу нашата планета Земја.

На оваа серија фотографии, тој ни ја покажува оваа нереална научна идеја преку визуелизација на познати знаменитости со прстените на Сатурн. За таа цел, прстените на Сатурн се намалени за да одговараат на величините на Земјата, со оглед на фактот дека Сатурн е околу 700 пати поголем.

2477

Покрај тоа, Милер се служел со пресметките од книгата „Сатурн и неговите системи“ (Saturn and its Systems) објавена во 1865 година, за да мапира како прстените би изгледале од секоја географска ширина на Земјата. Прстените најверојатно би се наоѓале околу еквадорот, па луѓето што живеат во Кито и Еквадор би ги гледале како тенко парче светлина на ноќното небо.

2477f1

Понатаму на север, во Полинезија, на јужниот повратник, прстените би се наоѓале под прекрасен агол. Дупката во средина е од сенката на Земјата.

2477f2

Луѓето во Ном и Алјаска константно би ја имале оваа глетка над хоризонтот.

2477f3

На следната фотографија се прикажани прстените, делумно блокирани од сонцето за време на рамноденица.

2477f4

Според Милер, присуството на прстените ќе ја осветли Месечината и ќе го направи нашето небо уште поубаво.

2477f5

Поддржете ја нашата работа: