Како да добиете доволно витамин Д во летните месеци, а сепак да се заштитите од штетните сончеви зраци?

Со оглед на тоа дека сонцето е најголемиот извор на витамин Д, летото е најдобриот период кога може да добиеме многу од овој витамин. Во зимските месеци, кога има малку сонце, но и поради долгиот престој во затворени простории, кај луѓето постои тенденција од недостаток на витамин Д.

Сепак, и во летните месеци можно е да не добиваме доволно витамин Д, можеби заради тоа што го избегнуваме сонцето и се штитиме од штетното УВ-зрачење нанесувајќи креми за заштита, што исто така може да резултира со недостаток од витамин Д.

Покрај сонцето, витаминот Д може да го добиеме преку храната и суплементите. Меѓу храната која содржи големи количини витамин Д спаѓаат мрсните риби (туна, лосос), говедски џигер, сирењето и жолчката од јајце. Меѓутоа, само конзумирањето на храна богата со витамин Д не е доволно за да останеме здрави. Сенцето, сепак останува најдобар извор на витамин Д.

Заштитните креми за време на летниот период ефикасно ја штитат кожата од штетните УВ зраци, но во исто време и спречуваат да го добиеме потребниот витамин Д. Затоа е неопходно да се земаат додатоци во исхраната.

Во зима, како и во лето, кога е потребно да користите заштитни креми, некои доктори препорачуваат да се употребуваат суплементи. Постојат повеќе контрадикторни студии околу ефикасноста на суплементите. Некои научници тврдат дека тие се потполно бескорисни, додека други велат дека суплементите можат да бидат корисни доколку имате недостаток од витамин Д и не сте доволно изложени на сонце. Покрај тоа, една неодамнешна студија покажува дека суплементите кои се земаат како додаток на антидепресивите, фактички имаат позитивен ефект кај пацентите со депресија. Повеќето научници се сложуваат дека суплементите можат да бидат корисни, но сепак прво консултирајте се со вашиот доктор, пред да почнете да ги земате.

Vine-Vera-Are-You-Wearing-the-Right-Sun-Protection-KidsПокрај потенцијалните суплементи и храната, од клучно значење е да се изложувате на сонце, кое треба да биде внимателно и умерено. Секако, напладне нема да излезете на сонце без заштитна крема, но 10 до 15-минутно изложување на сонце во доцните попладневни часови секој ден ќе ви го обезбеди потребното количество на витамин Д. Ако пак поминувате цел ден на плажа, нема такво нешто како премногу крема за сончање и би требало повторно да ја нанесувате на секој час.

Секако, мора секогаш да ги заштитите и очите со наочари за сонце, во секое време од денот и независно дали сте ставиле заштитна крема или не.

Поддржете ја нашата работа: