Како да препознаете дали сте заразени со Зика вирусот?

A lab technician displays Aedes aegypti mosquitoes infected with Wolbachia bacteria in a test tube for a photograph at the Oswaldo Cruz Foundation (Fiocruz) in Rio de Janeiro, Brazil, on Friday, Feb. 19, 2016. Supercharged mosquitoes could play a crucial part in fending off a large-scale global outbreak of the Zika virus as laboratories explore a method of releasing Wolbachia carrying mosquitoes back to nature. Wolbachia is a naturally occurring bacterium that researchers, funded by the Bill & Melinda Gates Foundation, have found to block transmission of dengue and may also stop other mosquito-borne viruses. Photographer: Dado Galdieri/Bloomberg

За време на одбележувањето на првата позната појава на ширењето на Зика вирусот преку комарци, здравствените власти од Флорида објавија дека во Мајами се идентификувани 10 нови случаи на заболени од Зика вирусот. Додека продолжува потрагата на федералните истражувачи за начините на пренесување, на трудниците им се советува да избегнуваат патување и да преземат мерки на претпазливост во загрозените подрачја, бидејќи овој вирус може да предизвика сериозни оштетувања на плодот. Но, како да познаете дали сте инфицирани со Зика вирусот?

Според Центарот за превенција и контрола на болестите на САД, тие што се инфицирани со Зика може и да немаат изразени симптоми. Кај оние кај кои се јавуваат симптоми тие  обично се манифестираат со блага треска, осип, болка во мускулите и зглобовите, чешање и црвенило на очите или главоболка, кои многу наликуваат на симптомите на настинка. Симптомите може да траат неколку дена до една недела, но инфицираните обично не се чувствуваат многу болни за да побараат лекарска помош.

Ако некој од симптомите перзистира повеќе денови, се препорачува да се посети доктор и да се направат анилизи на крвта за да се исклучи Зика. Доколку тестовите се позитивни на Зика, се препорачува многу одмор, земање на течности за да се спречи дехидратација, да се земат лекови за намалување на температурата – како ацетаминофен и пациентот да се воздржи од патување и секс.

Иако инфекцијата е ретко смртоносна, вирусот претставува опасност ако луѓето не се свесни дека се инфицирани. Вирусот останува во крвта на инфицираното лице околу една недела и бидејќи повеќето од луѓето не се свесни дека го имаат, тие може да патуваат или да имаат сексуални односи, со што вирусот сѐ повеќе се шири. Најефикасен начин да се избегне инфекцијата е да се користат средства против инсекти и да не се патува во зафатените подрачја.

Од Зика вирусот во САД веќе се заразиле девет бремени жени кои патувале надвор од земјата. Во два случаи тоа довело до спонтан абортус, два намерни прекини на бременоста, едно бебе родено со тешка форма на микроцефалија (абнормално мала глава и мозок), во два случаи се родиле здрави бебиња и во два случаи бременоста продолжила. Стапката на микроцефалија кај новороденчињата во моментов е 20 пати поголема во однос на претходните години, со што се зголемува притисокот кон истражувачите да се забрза развојот на вакцина за Зика врусот.

Поддржете ја нашата работа: