Екстремно високите животни, како на пр. жирафата, може да ни го објаснат тоа.
За жирафата, гравитацијата е огромен проблем, бидејќи мора да има доволно висок крвен притисок за да можат виталните течности да се движат до мозокот кој е толку многу оддалечен од телото, вели Метју Бонан, биолог на Универзитетот Стоктон во Њу Џерси.
За среќа, жирафата има неколку механизми за да го регулира тоа: нејзиното огромно срце (11 кг.) кое може да пумпа крв со висок притисок до главата, потоа меки ткива околу нозете наречени „fascia“ кои спречуваат крвта да се собира во екстремитетите и специјални вентили во каротидните артерии (кои носат крв до мозокот) кои спречуваат крвта да се враќа наназад. Покрај тоа, жирафата има и „rete mirabile“, односно мрежа од крвни садови на дното на мозокот што го контролира крвниот притисок, односно го забавува протокот на крв до и од мозокот кога жирафата се наведнува за пие вода и повторно се исправува. Можно е сауроподите да ги имале сличните адаптации.