Како доаѓа пролетта?

Како всушност доаѓа пролетта? И зошто е толку цврста врската помеѓу астрономската, односно календарската пролет и временските прилики и промените во живиот свет. Клучната причина за оваа општа природна метаморфоза е и буквално очигледна после пролетната рамноденица. Сончевите зраци ја греат Земјата многу појако, а темпертурата на воздухот е значително повисока.

Основна причина за промената на годишните времиња е пред се инклинацијата, односно наклонот на Земјината оска при нејзината ротација околу Сонцето. Имено, Земјината оска е навалена во однос на линијата која е нормална на правецот на движењето околу Сонцето за 23 степени и 27 минути.

Latitude3Кога Земјата би се движела исправена, така што нејзината оска не е под ваков наклон, тогаш и северот и југот на планетата во текот на целата година би биле осветлени со еднаков интензитет од Сончевото зрачење. Но, бидејќи Земјата кружи околу Сонцето под наклон, половина година накај Сонцето повеќе е навалена северната земјина полутопка, поради што на неа сончевото зрачење паѓа под поповолен агол и има поголем интензитет. Тогаш на север е потопло и сметаме дека тогаш е пролет и лето.

Во текот на втората половина, во есен и зима, Земјата го обиколува Сонцето од „другата страна“, така што кон Сонцето повеќе е навалена јужната полутопка. Оној момент од движењето кога двете полутопки ќе се најдат подеднакво осветлени претставува момент на рамноденица, односно преодот од зима во пролет. Тогаш се еднакви и осветлената и неосветлената површина од планетата, односно и денот и ноќта.

seasons-tau_olungaannov2tr-axis-oriented-away-from-sun-winter-spring-summer-falls-seasons-diagramПочетокот на пролетта не е секогаш одреден со фиксен календарски датум. Фенолошката, односно еколошката дефиниција на пролетта се поврзува со биолошките показатели: цветање на одредени растенија, активноста на животните или посебен мирис на почвата која ја достигнала одредената температура за цветање на микро флората. Врзано со тоа, пролетта варира во однос на климата и специфичните временски  карактеристики таа година.

Мнозинството еколози ја делат годината на шест времиња кои не се дефинирани со зацртани датуми. Покрај пролет, екологијата воведува одвоено превернално (рано или предпролетно) време, помеѓу хибернал (зима) и вернал (пролет). Тоа е времето кога цвета само најиздржливото цвеќе, а понекогаш дури и додека  сѐ уште има снег на почвата.

4bf82d96cf3b46b83b88ac1f458bf095

Поддржете ја нашата работа: