Како ги доживуваме мажите во црвено?

Во едно истражување на Универзитетот Дурам, истражувачите откриле дека мажите облечени во црвено се перцепираат како повеќе агресивни и доминантни во однос на другите.

Во истражувањето, објавено во списанието „Biology Letters“ на Кралското друштво, од 100 волонтери од двата пола, било побарано да рангираат фотографии на мажи врз основа на нивната веродостојност, агресија, доминација и самодоверба. Мажите на сликите биле облечени во црвени, сиви и сини кошули. Истражувачите откриле дека мажите облечени во црвено се оценети како агресивни и во некои случаи, подоминантни од оние во различни бои на кошули.

Интересно, и машките и женските оценувачи сметале дека „црвените“ мажи се поагресивни, но само машките оценувачи покажале тенденција да ја поврзат црвената кошула со доминација.

Дијана Видеман, докторски кандидат и автор на експериментот, изјави дека наодите се корисни за дрес кодот во одредени ситуации.

„Импликациите од нашето истражување се дека луѓето можеби ќе сакаат да размислат за тоа дали да облечат црвено во социјални ситуации и важни средби, како што се интервјуата за работа”, рече таа во соопштението.

Да се ​​биде сфатен како агресивен и доминанен може да биде предност во некои околности, но недостаток во други, на пример, кога тимската работа или веродостојноста се важни.

Погледнете го Тајгер Вудс, на пример. Еден од најдоминантните голфери на нашето време, Вудс е познат по носењето црвена облека. На неговата интернет страница, Вудс еднаш изјави: „Јас носам црвено, бидејќи мајка ми мисли дека тоа е мојата боја на моќ“.

Поддржете ја нашата работа: