Како изгледа Фукушима 5 години по нуклеарната несреќа?

Технички е невозможно да се изгради 100% безбедна нуклеарна централа. И покрај безбедносните мерки, може да се случи несреќа предизвикана од човечки фактор, технички дефекти или природни непогоди, што резултира со катастрофални последици како по луѓето, така и по природата.

(Прочитајте повеќе – 10 работи кои не сте ги знаеле за нуклеарните несреќи)

Нуклеарната катастрофа во Фукушима беше несреќа во нуклеарната централа предизвикана од цунами, кое пак беше предизвикано од земјотрес на 11 март 2011 година во Јапонија.

map-tsushimaПолскиот фотограф Аркадиуз Подниесински отпатувал во Фукушима и ги направил овие неверојатни фотографии кои дури и 5 години подоцна остануваат како остар потсетник за степенот на уништување и страдање на Јапонците во тоа време, како и за страшните последици и опасности од радиоактивниот отпад.

12Сликите се направени во областите кои се наоѓаат во портокаловата и црвената зона, односно оние најпогодените и целосно напуштени области. Во црвената зона не се преземаат никакви мерки за расчистување и деконтаминација бидејќи се’ уште има преголемо ниво на радијација. Целиот албум може да го погледнете на следниов линк.

34На жителите се’ уште не им е дозволено да живеат во градовите кои се лоцирани во портокаловата зона, но можат да поминат извесно време таму само во текот на денот. Но, повеќето не сакаат да се вратат назад, а наскоро и нема да имаат каде да се вратат.

56781191012

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.