Доколку, според сегашните проценки, нивото на морето продолжи да расте како последица од глобалното затоплување, најчувствителните области ќе бидат погодени од катастрофални поплави двапати почесто отколку досега.
Екстремните поплави по должината на бреговите би можеле да станат многу почести доколку нивото на морето продолжи да се зголемува во следните неколку децении, се вели во новото истражување.
Научниците предвидуваат дека нивото на морето до 2030 година може да се зголеми за околу десет сантиметри. Тоа ќе биде доволно за двојно зголемување на фреквенцијата на поплави во многу делови на светот, а во тропските области ќе се зголеми за околу 25 пати.
Научниците се согласуваат дека за општеството и екосистемите во овие области ваквите последици ќе бидат катастрофални. Нивото на морето моментално, годишно се издигнува за околу 3 милиметри. Иако ви изгледа малку, човештвото веќе ги чувствува последиците од високото ниво на водите, пишува The Verge.
Целосно населените области веќе со години се изложени на се почести поплави кои се последица од глобалното затоплување, а тоа само ќе се зголеми и продолжи, така што последиците ќе бидат се полоши и полоши.
Површината на морето расте, бидејќи јаглерод диоксидот и останатите гасови предизвикуваат раст на температурите кои пак го топат ледот. Според моменталните проценки, површината на морето до 2050та година ќе нарасне помеѓу 10 и 20 сантиметри, а до 2100та година помеѓу 30 и 210 сантиметри, што навистина звучи катастрофално.