Кога се споменува смртта, повеќето од нас чувствуваат порој на негативни емоции – тага, страв, загриженост, нервоза. Секако дека смртта е нешто што секојдневно се обидуваме да го избегнеме.
Но, една нова атракција во Шангај им овозможува на луѓето уникатно, донекаде контраверзно искуство на виртуелно кремирање, или поточно „доживување на смртта и преродување“.
Се работи за „турнеја“ низ комора за кремирање со симулирани пламени, каде по завршувањето на симулираното кремирање луѓето излегуваат неповредени од мал кружен отвор. Погледнете како изгледа сето тоа:
Лиу Сивеи, еден од многуте кои поминале низ оваа комора за кремирање, вели дека искуството не е страшно, туку возбудливо и трансформативно, односно дека ви го менува менталитетот и кога ќе излезете едноставно ќе бидете поинаква личност. Ви овозможува да се смирите и да размислите за вистинските проблеми и вистинските вредности во вашот живот.
Па, што мислите? Би пробале ли вакво нешто?