Како изгледаат новите монети на Кенија? – Животни наместо лидери

Кенија одлучи на своите монети наместо фотографии од претседатели да стави диви животни, за чиј потег се верува дека е обид за спречување на глорификација на лидерите на земјата.

Централната банка на Кенија ги претстави новите монети од еден, пет, десет и дваесет шилинзи кои од една страна ќе ги краси жирафа, нилски коњ, лав, и слон, а од другата страна грбот на Кенија.

Претходните монети беа отпечатени со фотографии од тројцата поранешни претседатели на Кенија – Џомо Кенијата, Данијел арап Мои и Мвај Кибаки, меѓутоа многу Кенијци во овој потег видоа обид за промовирање на лидерите и нивна глорификација.

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата вели дека новите монети се голема промена и дека докажуваат дека народот таму помина голем пат. Монетите ја одржуваат различната култура и природната средина на Кенија, додека истовремено покажуваат аспекти кои најдобро ја опишуваат источно-африканската нација.

“Националната валута не е само инструмент за размена на вредности. Мотивите и елементите од дизајнот на валутата претставуваат единствен начин на обележување на националната историја, славејќи ја разноликата култура и природната средина на земјата”.

Многу луѓе веруваат дека ова е одлична идеја и одличен пример кои би требало да го следат и останатите земји.

Поддржете ја нашата работа: