Во наредното видео ќе видите детално објаснување како и зошто настануваат сообраќајните гужви, иако во повеќето случаи патот е чист и нема потреба да постои ваква ситуација.
Секојдневно нашите медиуми се исполнети со сообраќајот (меѓутоа пренесувајќи ги само морбидните сообраќајни незгоди тероризирајќи го целото население), но многу малку се говори за вистинските сообраќајни проблеми како што е сообраќајниот метеж и навиките на учесниците во сообраќајот.
Доколку секој интелегентен возач го погледне видеото и се придржува само до едно обично правило драстично ќе се намали гужвата во сообраќајот –
Секогаш држи поголемо растојание од возилото пред тебе
Можеби на прв поглед ќе ви звучи чудно, можеби и глупаво, меѓутоа научно може да се докаже дека доколку поголемиот број од возачите го практикуваат ова правило ќе предизвикаат позитивна верижна реакција на повеќе нивоа.
- Ќе се намали сообраќајниот метеж
- Побрзо ќе се пристига на посакуваната дестинација
- Времето е пари, а пари е и увозното гориво што го троши нашиот автомобил додека е заглавен во сообраќајот
- Помалку гужва помалку стрес и нервоза
- Помалку стрес и нервоза подобро здравје
- Поголемо растојание помалку сообраќајни незгоди
- Помалку сообраќајни незгоди повеќе среќни семејства и повеќе пари во домашниот буџет што нема да одат на скапи увозни делови
Ве молиме споделете ја статијата да направиме заедно барем еден мал чекор кон подобрување на нашите навики и состојби
Барем до времето додека дојдат возилата кои ќе ги управуваат компјутерите.