Како може да ве шпионираат преку мобилните телефони?

Веб страниците можат да влезат во телефоните на корисниците, следејќи ја нивната батерија и да ја искористат за да ги шпионираат на интернет.

Телефоните испраќаат информација за тоа уште колку од нивната батерија преостанува и колку време е потребно за да се наполни. Смислено е како начин за веб страниците да се прикажуваат во полесна верзија која троши помалку батерија.

Но, истата таа можност може да се искористи за хакери да ги следат телефоните како што се движат низ интернет мрежата, открија истражувачите. Се користи за телефоните да се шпионираат како што се движат на различни веб страници, со што се овозможува пребарувањето да биде хакирано и потенцијално да крадат од корисникот на телефонот.

Free-cell-phone-tracker1

Проблемот е во тоа што информациите кои ги дава батеријата на телефонот може да се употребат за точно да се идентификува секој телефон. Има 18 милиони различни комбинации на батерии за телефон и преостанато време, кои телефонот може да ги испрати. Кога истата комбинација се појавува на повеќе страници, телефонот е идентификуван.

„Дополнително, некои компании може да ја анализираат можноста од монетаризирање на пристапот до нивото на батеријата“, пишува Лукаш Олејник, истражувач на сајбер безбедноста.

„Кога батеријата е речиси празна, луѓето можат да бидат подобни на поразлични одлуки. Во такви услови, корисниците би се согласиле да платат повеќе да одредена услуга“, вели тој.

Тоа во теорија е веќе видено со Убер, компанија за превоз која откри дека корисниците плаќаат повеќе за возење ако нивната батерија е при крај.

Извор: „Радио МОФ“.

Поддржете ја нашата работа: