Неколку студии во минатото тврдеа дека седењето со прекрстени нозе е шететно за здравјето – дека може да предизвика зголемување на крвниот притисок, проширени вени, па дури и попречување на циркулацијата во нозете. Иако има вистина во овие тврдења, да ги разгледаме малку подетално.
Проширени вени
Проширени вени се зголемени вени кои излегуваат набабрени на кожата, најчесто на нозете и стапалата. Обично не се сериозни, но може да се многу болни. Возраста, генетиката, дебелината и бременоста се сите ризик-фактори за нивната појава, иако докторите не се сосема сигурни што предизвикува малите вентили во крвните садови да се прошират и ослабнат, притоа попречувајќи го нормалниот проток на крвта. Сепак, една работа за која докторите се сигурни е дека не се предизвикани од седењето со скрстени нозе. Тие се резултат на внатрешни проблеми во самите вени. Стоењето подолго време е уште еден фактор кој се разгледува како потенцијална причина, која можеби ја влошува состојбата, но сепак не би требало да ја предизвикува.
Крвен притисок и срце
Една истражување од 2007 година покажа дека седењето со скрстени нозе доведува до зголемување на крвниот притисок, но не и кога нозете се скрстени кај глуждовите. И други слични истражувања го имале сличниот заклучок. Но, оттогаш, луѓето го поврзуваат скрстувањето на нозете со ризик од кардиоваскуларни заболувања.
Иако скрстувањето на нозете може да доведе до привремено зголемување на крвниот притисок, поради тоа што се турка повеќе крв во срцето, тоа не значи дека ќе му наштети на срцето или дека ќе предизвика некоја болест. Сепак, ако сте изложени на ризик од згрутчувања на крвта, поразговарајте со вашиот доктор за тоа како седечката позиција може да влијае на вашето здравје.
Намалена циркулација
Постојат малку докази за тоа дека скрстувањето на нозете може да предизвика долгорочни проблеми со циркулацијата. Како и секоја друга положба во која ќе останете подолго време, така и скрстувањето на нозете може да доведе до познатата вкочанетост и „боцкање“ во нозете. Тоа најчесто се случува бидејќи се создава притисок врз перонеалниот нерв, кој се наоѓа во задниот дел на коленото. Повеќето едноставно ќе ја сменат положбата кога ќе го почувствуваат тоа. Можеби е најдобро да избегнувате постојано да седите или да го подобрите вашето држење на телото додека седите.
Правилното држење на телото, без разлика дали седите или стоите, ја подобрува функцијата на мускулите, протокот на крв и што е можеби најважно, ја подобрува и вашата концентрација и ментално здравје. Доброто држење на телото ве штити од проблеми со грбот и ја подобрува функцијата на белите дробови.
Значи, седењето со скрстени нозе не е лошо, седењето во истата положба со часови е! Обидете се да седите исправено, повремено истегнувајте се и правете кратки прошетки на секој половина час.