Стресот може да влијае на речиси секој аспект од нашето здравје – од нервниот систем до кардиоваскуларното здравје и го зголемува ризикот од појава на разни хронични болести – гојазност, срцеви заболувања, рак.
Во видеото, многу успешно е прикажано како сето ова се случува. Анимацијата на „TED-Ed“, не води низ неколку системи кои се погодени од стресот. Нашето тело ослободува три стрес-хормони: кортизол, адреналин (епинефрин) и норадреналин, кои со тек на време предизвикуват промени во физиолошки процеси. Тие патуваат низ крвните садови во срцето и другите органи, предизвикувајќи зголемување на притисокот, што со време може да доведе до хипертензија и таложење на холестеролот во ѕидот на крвните садови.
Мозокот праќа сигнали до стомакот кои може да влијаат на начинот на кој ја конзумираме и вариме храната. Многу често, поради стресот имаме зголемена потреба од високо енергетска храна, како јагленихидрати, што пак доведува до зголемување на телесната тежина. Покрај тоа што стресот се поврзува со скратување на теломерите – капачињата на крајот на ДНК нишките кои се одговорни за стареењето на клетките, стресот се манифестира и преку многу поочигледни ефекти, како тензиски главоболки, промени во расположението, замор и проблеми со концентрацијата.
Затоа е исклучително важно да најдете начини се справите со стресот. Не дозволувајте здравствените ризици од стресот со време да ве погодат уште повеќе. Ослободете се од стресот преку здрави активности како медитација, јога, релаксација во природа.