Како влијае алкохолот на срцевото здравје?

СПОДЕЛИ

Црвеното вино има репутација дека е здрав пијалок за срцето, но сепак, секој пијалок во правата количина е добар по здравјето.

Истражувачите од Норвешкиот Универзитет за наука и технологија, во соработка со Каролинскиот Институт во Стокхолм ги испитувале ефектите на алкохолот врз срцето. Во првата студија објавена во „Journal of Internal Medicine“, покажале дека алкохолот не влијае на ризикот од срцева слабост. Тие испитувале 60.655 учесници во периодот помеѓу 1995 и 1997 година и ја следеле потрошувачката на алкохол и медицинската историја. Вкупно 1.588 развиле срцева слабост за време на тој период, со најголем ризик кај оние кои многу ретко или никогаш не пиеле алкохол.

Тие кои пиеле алкохол 5 или повеќе пати во месецот имале помал ризик за 21 процент во споредба со оние кои воопшто не пиеле или пиеле многу малку. Тие кои пиеле помеѓу еднаш до 5 пати месечно имале помал ризик само за 2 проценти.

Во втората студија, објавена во „International Journal of Cardiology“ 58.827 учесници биле категоризирани на основа на тоа колку многу и колку често пијат. Од нив, 2.966 учесници имале срцев удар во периодот помеѓу 1995 и 2008 година.

Со секој дополнителен еден пијалок, ризикот за срцев удар на лицето се намалувал за 28 проценти.

„Алкохолот е тој кој првенствено води до подобар холестерол, меѓудругото, но, исто така може да предизвика и висок крвен притисок, па затоа најдобро е да се пие умерена количина релативно често“ – вели Имре Јански, професор по социјална медицина на Норвешкиот Универзитет за наука и технологија.

Истражувачите забележале дека ризикот за смрт од срцеви болести се зголемува кога учесникот пријавувал конзумирање на 5 или повеќе пијалоци во неделата. Долгорочната прекумерна употреба на алкохол го ослабува и истенчува срцевиот мускул предизвикувајќи срцето да се бори за да испумпува крв ефикасно.

„Јас не ги охрабрувам луѓето да пијат алкохол постојано. Ние го проучуваме само срцето, и важно е да се нагласи дека мала количина на алкохол секој ден може да биде здраво за срцето. Но, тоа не значи дека е потребно да се пие алкохол секој ден за да се има здраво срце“– нагласува Јански.

Дискусија

Коментари