Како звучат гласовите во главата на лицата со ментални нарушувања?

Често пати во црните хоники може да се сретнат вести за тешки злосторства меѓу најблиски роднини (родител да убие дете и сл.) каде што извршителите велат дека глас во нивната глава им рекол да го сторат тоа. Иако не постои никакво оправдување за ваквите ужасни злосторства, за луѓето што патат од ментални нарушувања, слушните халуцинации се многу реални и често застапени.

Најочигледни жртви на ваквите застрашувачки гласови се болните од шизофренија, но и луѓето со биполарно растројство, депресија и психотични доживувања исто така може да слушаат вакви гласови. Всушност, умот е толку деликатен што понекогаш вознемиреноста и стравот можат да поттикнат едноставни хауцинации.

Ако сте љубопитни како звучат тие гласови, послушајте го видеото направено од Џеред Вејл, експерт за ментални болести, врз основа на изјавите од лицата со вакви доживувања.

Ве предупредуваме – прилично е мрачно. Отприлика некаде на половината од видеото, јасно може да се разбере зошто луѓето кои постојано во главата ги слушаат ваквите гласови почнуваат да се уништуваат – без разлика дали е тоа преку криминални активности или самоповредување.

Веројатно најтажно во сето ова е што луѓето со ментални нарушувања ретко добиваат помош кога им е потребна. Семејството и пријателите тука можат да бидат од голема корист, со тоа што ќе им укажат дека менталното нарушување не претставува стигма и дека за тоа постои решение.  

Поддржете ја нашата работа: