Секогаш е подобро да се мисли дека луѓето можат да се променат доколку ги имаат соодветните услови. Ако ние сме родени како „празен лист“ според филозофот Џон Лок, секое пишување на овој лист кое се случува рано во животот може да се промени.
Дури и според познатиот психолог Вилијам Џејмс, личноста не е непроменлива се до својата 30-та година. Па како тогаш да ги објасниме резултатите од новото истражување на Ребека Валер и нејзините колеги од Универзитетот во Мичиген, дека раните знаци на психопатија може да се видат кај деца на возраст од две години?
Кога ќе погледнеме назад во однесувањето на возрасните лица со познати асоцијални или психопатски тенденции, луѓето често знаат да кажат „знаеле дека тоа ќе се случи“ наведувајќи примери како силеџиство кон другите деца, злоупотреба на домашни миленичиња и вклучување во ситни кражби. Сепак, ваквото теоретизирање на луѓето е направено ретроспективно. Со други зборови, веќе знаете дека таа личност ги има тие тенденции на зрела возраст, па тоа го оформува и сеќавањето на лицето како дете.
Позначајно е да се предвиди психопатијата во зрелата возраст па понатаму, почнувајќи со набљудување на поединци во детството и следење на развојот за да се види дали тие особини се развиваат.
Повеќето дефиниции за психопатијата се потпираат на моделот од два фактори на Роберт Д. Хер, кој прави разлика меѓу факторот број 1: плитко влијание, површен шарм, манипулативност и недостаток на емпатија, и фактор број 2 или неможноста да се покаже каење и однесувања поврзани со социјално девијантниот начин на живот на импулсивност и криминал. И двата фактори може да станат видливи за време на детството, но на која возраст?
За да одговорат на ова прашање, Валер и нејзиниот тим ги искористиле податоците од 731 дете на две годишна возраст и нивните мајки, кои биле следени до нивната 9 ипол годишна возраст. Истражувачите се фокусирале на она што тие го нарекуваат „Callous-Unemotional“ односно пред–психопатско однесување на ниско ниво на емпатија и вина и општ недостаток на чувства кон другите.
За мерење на психопатијата тимот побарал од двајцата родители и наставниците да го оценат детето за однесувањето наречено „Deceitful-Callous“. Петте елементи на скалата за оценување биле:
- Детето не се чувствува виновно откога ќе биде непослушно.
- Казнувањето не го променува однесувањето.
- Детето е себично/ не сака да дели со другите.
- Детето лаже.
- Детето е подмолно и одбегнува да слуша.
Проблемите во однесувањето на детето се прикажуваат со состојби како што се влегувањето во тепачки, уништувањето на играчки и други предмети и проблеми со контрола на бесот.
Важно е да се напомене дека дизајнот на студијата го изолира карактерот од проблемите при однесувањето, овозможувајќи им на истражувачите да го отфрлат фактот дека децата кои влегуваат во неволја уште во раните години продолжуваат да создаваат проблеми за себеси и кога ќе пораснат.
Наодите откриваат дека децата до 3 годишна возраст кои биле високо рангирани на горенаведената скала се развивале во деца со значајни проблеми во однесувањето.
Логично е дека лицата со примарна одговорност за детето се првите кои би забележале некаква промена во однесувањето во раната возраст, за која, тие што не се толку блиски, би можеле да сметаат дека е нормална за таа возраст, што доколку не се надмине, оваа состојба може да стане сериозна и застрашувачка.
Истражувачите сметаат дека нивните откитија ќе имаат превентивна вредност, бидејќи кога многу малите деца ќе се идентификуваат со ризик за психопатија, тогаш и родителите и наставниците можат да преземат чекор за да им помогнат да развијат попозитивен, посоцијален и емоционален начин за поврзување со другите.
Ваквите интервенции треба да се опфатени на сите нивоа, како што забележуваат истражувачите и „родителските особини, ставови, практики на згрижување и екологијата на поширокото семејство“ треба да се земат предвид при утврдувањето на ризикот, а потоа да се промени средината за да се зголемат шансите на детето за надминување на овие особини кои доведуваат до проблеми подоцна во животот.
Прочитајте повеќе на Енаука.мк:
Што е разликата меѓу психопат и нарцис?
Која е разликата меѓу социопатите и психопатите?