Дали психопатите знаат дека се психопати?

Ова прашање првично се појавило на „Quora“ и е одговорено од страна на Атена Вокер.

Ние секако може да знаеме дека сме психопатски настроени. Не е тешко за високо-функционален психопат да биде во можност да види дека е различен. Всушност, уште од детството знаеме дека сме различни, а добивањето на дијагнозата е нешто што ни дава образложение за начинот на кој размислуваме.

Постојат многу бесмислици дека сме неспособни да знаеме за самите себе, а сепак нема логика за тој аргумент. Знаеме дека сме различни, знаеме дека градиме маска за да се вклопиме со тие околу нас, и знаеме дека доколку луѓето видат како ние навистина размислуваме, тие ќе не избегнуваат со што ќе ни биде тешко да го добиеме она што го сакаме од нив.

Сепак, колку и да сме пресметливи во нашите маски или планирањето или манипулацијата, колку добро и да можеме да ги прочитаме другите со когнитивна емпатија и да разбереме како тие прават некои работи и како се чувствуваат, некако ја забрануваме таа активност самите.

Да не споменуваме дека некои од нас биле дијагностицирани. Може да не размислуваме многу за дијагнозата во однос на значењето, но со малку читање и истражување, многу е лесно да се види сличност во описите во текстот и нашите животи.

Се сомневам дека ниско-функционалниот психопат може да го направи ова, бидејќи сите оние на кои се спроведуваат истражувања се заробени или во затвор или во болници. Доколку ја мериме психопатија на затвореното население би можеле да ја мериме и невротипичноста на истиот начин исто така. Тоа би било нелогично, исто како што е нелогично да се користат затворените психопати како контролна група за оние кои се високо функционални.

Да не чувствувате емоции? Тоа не е психопатија. Тоа е алекситимија.

Психопатите имаат емоции, тие се тапи или одбиени, но тие не се отсутни.

Во секој случај, ова не е нешто што може да се погодува. Психопатијата, или поконкретно асоцијално растројство на личноста „ASPD“ не е нешто за што непрофесионалците треба да претпоставуваат. Тоа е комплексен дијагностички процес за кој треба многу долго време со специјално обучени доктори.

Стапката на распространетост на овие лица се движи некаде помеѓу 0,2% и 3,3% од популацијата, па многу е веројатно да знаете барем едно вакво лице.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк:

7 факти за психопатите

Која е разликата меѓу социопатите и психопатите?

На која возраст можеме да препознаеме потенцијален психопат?

Поддржете ја нашата работа: