Дали марихуаната ги лекува анксиозноста и депресијата?

Марихуаната е позната по својата способност да ја олеснува болката и расположението, со што изгледа како идеален третман за оние кои страдаат од депресија и анксиозност. Сепак, едно ново истражување покажува дека ова не е точно, бидејќи на долгорочен период, тешкото хронично употребување на марихуана всушност ги влошува симптомите на депресија и анксиозност, а не ги менува.

Студијата покажува дека поединци со субклиничка депресија кои користеле марихуана како самолекување на нивните депресивни симптоми изјавиле дека се чувствуваат повеќе депресивни отколку вознемирени. Од друга страна пак, пријавените кои страдале од анксиозност и користеле марихуана за самолекување на нивните симтоми се изјасниле дека се чувствуваат повеќе вознемирени отколку депресивни.

„Доколку тие го користеле канабисот за самолекување, тој не го правел тоа што тие мислеле дека го прави“ – објаснува ко-авторот Џејкоб Браунвалдер.

Истражувачите сметаат дека главната забелешка во нивната студија е тоа што одговорите се самопријавени врз основа на сопственото искуство од самолекувањето на испитаниците. Сепак, истражувачите се залагаат дека овие резултати покажуваат дека е време да се посветат повеќе истражувања за тоа како марихуаната влијае на мозокот на оние со состојби на ментално здравје како што е депресијата и анксиозноста.

„Постои општа перцепција дека канабисот ја ублажува анксиозноста“, вели ко-авторот на студијата Џереми Андрејевски во неодамнешна изјава, додавајќи дека резултатите од неговата студија го покажуваат сосема спротивното.

marijuana

Во овој момент, тимот претпоставува дека марихуаната може да ја лекува депресијата и анксиозноста на почетокот, но во одреден момент престанува да делува, а можеби и дури ги влошува симтомите. Потребни се многу повеќе истражувања за целосно да се разбере влијанието на марихуаната врз состојбите на ментално здравје.

Ова не е првиот пат истражувачите да сугерираат дека марихуаната ги вложува третманите за депресија и анксиозност, а може и да влијае на различни пациенти различно.

Едно истражување од 2015 година покажа дека марихуаната помогнала при поништувањето на ефектите од премногу стрес, главната причина за депресија, во мозокот на глувците. Сепак, резултатите не биле доволно силни за да укажат дека истото може да е точно и за луѓето.

Уште поважно, третманите за депресија и анксиозност се прилагодени на потребите на поединецот и личната биологија, оттука, има смисла што марихуаната не е лек за сите овие комплексни медицински состојби.

Поддржете ја нашата работа: