Канабис + радиотерапија против тумор на мозокот

Специјалисти од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, истражувале третман за рак на мозокот во лабораторија и откриле дека најефективниот начин е да се комбинираат активни хемиски компоненти на растението канабис кои се наречени канабиноиди.

Две од нив, наречени тетрахидроканабинол (ТХЦ) и канабидиол (КБД) биле тестирани како дел од истражувањето за рак на мозокот, што е особено тежок за третман и одзема  околу 5.200 животи секоја година. Исто така, стапката на преживување по пет години од дијагностицирањето на пациентите е околу 10%.

Канабиноидите се активни хемикалии во марихуаната и се исто така познати под називот футоканабиноиди. Има 85 познати канабиноиди во растението канабис.

Новото истражување покажува  драстичен ефект кога се комбинираат ТХЦ и КБД со радиотерапијата.

Д-р Ваи Лиу, научен соработник и главен истражувач на проектот, вели: „Резултатите се крајно возбудливи. Мозочните тумори кај глувците, беа третирани  на различни начини: без терапија, само со канабиноиди, само со зрачење, и со двете истовремено. Оние кои беа третирани со двете, односно и зрачење и канабиноиди покажаа позитивни резултати и драстично намалување на големината. Во некои случаи, туморите ефективно и целосно исчезнаа“.

Придобивките од елементите на растението канабис беа познати од порано, но драстичното намалување на ракот на мозокот во комбинација со радиотерапијата е нешто ново и претставува  ветувачко решение за оваа фатална болест во иднина.

Истражувачкиот тим, во моментов ја разгледува можноста за комбинирање на канабиноиди со радиотерапија за клиничко испитување врз луѓе.

Истражувањето е објавено во списанието „Molecular Cancer Therapeutics“.

Поддржете ја нашата работа: