Кина планира да гради најголем акцелератор на честички во светот

Конечниот концепт на дизајнот ќе биде готов следната година, па затоа засега нема повеќе детали. Но, се очекува судирачот да ги судира протоните и електроните со енергија седум пати поголема од ГХС, со што ќе се генерираат милиони Хигсови бозони при тој процес. И што е најдобро, објектот ќе биде достапен за целата светска научна јавност.

Во последните години, Кина прави конкретни напори за да ја засили својата репутација во ризичните науки. Охрабрувајќи ги своите научници што повеќе да продуцираат квалитетни научни написи достапни за јавноста, владата на Кина исто така започна со финансирање на истражувања во областа на теоретските науки што дополнително ќе се фокусираат на овој практичен проект.

Научниците веруваат дека Хигсовата честичка им дава маса на другите честички и како таква ја претставува основата за изградба на Универзумот. Но, сѐ уште постојат многу нејаснотии во врска со тоа како таа функционира и Кина се надева дека новиот акцелератор ќе помогне да се најдат одговори на некои од овие прашања.  

Акцелераторите на честички, како ГХС, вршат забрзување на протоните или електроните блиску до брзината на светлината во спротивна насока, низ исклучително ладен тунел, додека не се судрат едни со други. Со тој судир се уништуваат оригиналните честички и се создаваат необични и ретки видови на зрачења и честички, кои можат да им помогнат на физичарите да откријат како функционира Универзумот.

Со својот 27-километарски тунел, Големиот хадронски судирач на ЦЕРН, може да продуцира 1,2 милиони Хигсови честички годишно, што беше доволно за научниците да ја откријат оваа честичка во 2012 година, но недоволно за да може детално да се проучува. Но, благодарение на неколку нови усовршувања што се планирани пред 2025 година, одговорните во ЦЕРН тврдат дека акцелераторот би можел да генерира до 15 милиони Хигсови честички годишно.

Сепак, Кина смета дека нивниот објект ќе ги надмине овие достигнувања. Се чини дека на овој проект се работело од 2013 година и ова ќе претставува уште еден чекор напред во оваа област.

Иако локацијата, како и датумот кога ќе биде завршен проектот сѐ уште не се одредени, официјалните лица го посочуваат градот Цинхуангдао, кој се наоѓа на почетокот на Кинескиот ѕид како можна локација за овој проект.

Поддржете ја нашата работа: