Кина ќе лансира своја вселенска станица и сака да ја дели со останатите нации.
Кинеската вселенска агенција и Канцеларијата на Обединетите Нации за вселенски работи (UNOOSA ), објавија партнерство што ќе им овозможи на членките на ОН да спроведуваат експерименти, па дури и да испраќаат астронаути на Кинеската вселенска станица, која треба да започне со работа во 2020 година.
ОН и Кина се заинтересирани да вклучат што повеќе нации во вселенските активности.
„Ова е возбудлива можност за понатамошна надградба на вселенските капацитети на развиените земји и подобро разбирање на придобивките што човештвото може да ги добие од вселената“- изјави директорот на „UNOOSA“, Симонета Ди Рипо.
Кина е исклучена од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради забраната за нејзино учество од страна на владата на САД.
Најасно е дали останатите партнери на МВС – Русија, Јапонија, Канада и земјите членки на Европската вселенска агенција, ќе имаат пристап на Кинеската вселенска станица.
Во текот на оваа година Кина ќе ја лансира вселенската лабораторија Тиенгун-2 што ќе и овозможи да се здобие со потребните вештини за изградба на станицата.
Преземено од „New Scientist“.