Кинеските научници клонираа мајмуни, користејќи ја истата технологија со која пред две децении беше создадена овцата Доли, а можеби и отвораат нова врата кон клонирањето на луѓе, иако како што велат тоа не им била намерата.
Жонг Џонг и Хуа Хуа се два идентични макаки мајмуни со долги опашки. Родени се пред осум и шест недели, и тие се првите примати кои се клонирани од неембрионална клетка.
Ова достигнување е направено преку процес кој се нарекува соматско клеточен нуклеарен трансфер (SCNT), што значи пренесување на јадрото на клетката, која ја вклучува неговата ДНК, во јајце кое го отстранува неговото јадро.
Истражувачите од Институтот за невронски мрежи во Шангај, при академијата на науките во Кина, велат дека нивната работа треба да биде благодет за медицинските истражувања, со тоа што ќе биде можно да се проучат болести во популациите на генетски униформирани мајмуни.
„Човекот е примат, па за клонирање на примати, вклучително и на луѓе, техничката бариера веќе е отстранета“, вели Мајминг Пу од Кинеската академија на науките.
„Одлучивме да ја отстраниме оваа бариера за да произведуваме животински модели, кои ќе бидат корисни за медицината и за човечкото здравје. Но, ние сепак немаме намера да го примениме овој метод за луѓето“, додава тој во соопштението.
Клонираните мајмуни засега добро се развиваат. Научниците се надеваат дека во наредните неколку месеци на свет ќе пристигнат и други клонирани макаки.
Откако беше извршено клонирањето на овцата Доли во 1996 година низа научници од целиот свет клонираа повеќе од 20 други вида животни, вклучувајќи крави, свињи, зајаци и друго, но до денес клонирањето на примати не завршило успешно, што ги наведуваше научниците на заклучок дека таквиот вид е имун на таквото клонирање.
Дури и овој обид за кинезите бил премногу тежок, со оглед на тоа што за клонирањето на два мајмуни им биле потребни дури 79 макаки мајмуни и 127 јајцеклетки.
Американската Администрација за храна и лекови (FDA) неодамна го одобри Journavx (сузетригин) – првиот нов не-опиоиден аналгетик за акутна болка во последните две децении....