Прв документиран случај на дива тарантула која убива и јаде змија

Научниците го објавија својот прв извештај за дива тарантула која убива и јаде змија. Додека пајаците се познати по убивањето на змии и во минатото, овој вид на тарантула не произведува отров, што значи дека единствениот начин да ја покори змијата е да го распарчи месото со своите заби.

Оваа средба била откриена од страна на студентот Леандро Малта Борхес од Федералниот Универзитет во Санта Марија во Бразил.

Борхес и неговите колеги биле во регионот „Serra do Caverá“ во јужен Бразил во потрага по тарантули, како дел од еден истражувачки проект, кога ја забележале тарантулата од видот „Grammostola quirogai“ сместена под карпа, која фатила змија веднаш под главата.

Оваа змија од видот „Erythrolamprus almadensis“ е долга речиси 40 см, што е изненадувачки голем плен за тарантулата.

full-snake-spider

Но, тоа не било најчудно во оваа ситуација. Според Борхес, не постојат научни докази дека тарантулите од овој вид располагаат со отров доволно силен за да ја успие змијата. Тоа значи дека ги имала само своите мускулни заби, кои растат до импресивни 2см, за да ја гризне змијата до своето покорување.

Ужасните последици од средбата може да ги видите на сликата подолу.

2

Поради нивната релативно голема големина, тарантулите може да јадат плен кој што многу други видови на пајаци не можат, како што се птиците, жабите, гуштерите и глувците.

Овој вид на змија не е отровен, па целата битка би била битка на сила, со пајакот како победник на крајот.

Обично, кога еден пајак покорува змија, тоа е поради тоа што користел мрежа, отров, или пак и двете.

„Постојат и други записи за пајаци кои ловат змии, како што е на пример црната вдовица, но таа се потпира на силниот отров, како и на мрежата за заробување“ – изјавува Борхес.

Во извештаите се забележуваат случаи на тарантули кои убиваат и јадат змии, но сите се имаат случено во заробеништво или во експерименти.

Оваа невидена средба во дивината веројатно ја претставува змијата која се нашла на погрешно место, во погрешно време.

„Најверојатно, змијата била изненадена по влегувањето во средината на пајакот, а со тоа и поразена“ – заклучуваат во извештајот.pay-tarantula-eats-snake-3

Со неодамнешните пајаци-ловци кои јадат гуштер на прозорец, или пак глувче нагоре по фрижидерот, тие или ја видоизменуваат својата исхрана, или почнуваат да сфаќаат колку навистина се моќни.

Извештајот е објавен во „Herpetology Notes“.

Поддржете ја нашата работа: