Китовите убици го учат „јазикот на делфините“

Научниците забележале дека китовите убијци (Orcinus orca)кои поминале некое време со делфините од видот „Tursiops truncatus“, повеќе „свиркале“ при нивната вокализација отколку другите китови, правејќи го нивниот „јазик“ мешавина со оној на делфините.

Резултати од претходни истражувања покажуваат дека китовите убијци се способни да научат да произведуваат нови звуци. Меѓутоа контекстуалното произведување на звуци не било проучувано, ниту пак факторите кои водат до учењето на истите.

Истражувачите ги анализирале звуците на три китови убијци кои неколку години биле во контакт со делфини и ги споредиле со звуците на седум китови убијци и девет делфини посебно. Китовите употребувале значително повеќе свирежи и кратки, остри, пискави звуци како делфините, со што се докажува способноста на китовите убијци за контекстуално учење.

Всушност, еден кит успеал да ги научи звуците што ги испуштал еден делфин кој бил трениран од луѓето. Иако не го знаеме значењето на овие јазици, ниту пак количината на информации која овие видови ја разменуваат, јасно е дека овие животни се мотивирани да си ги научат звуците.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk. Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и да поттикнат нови идеи и критичко размислувањекај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме ви однапред благодарни!

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt