Климатските услови го обликувале човечкиот нос

Според една нова студија од Универзитетот во Пенсилванија, обликот на носот кај луѓето се менувал поради различните климатски услови. Поради тоа луѓето кои живеат во потоплите и влажни краеви имаат пошироки ноздри, а оние кои живеат на повисоки надморски височини, како подрачјето во Северна Европа имаат тесни ноздри поради прилагодување на постудени и суви услови.

“Луѓето веќе долго време мислеа дека разликата во обликот на носот е можеби резултат на природната селекција”, вели еден од авторите на студијата. Претходните студии се засновани на мерења на човечкиот череп, меѓутоа во оваа студија научниците го проучувале само обликот на носот.

Со помош на 3D технологија, научниците од Ирска, САД и Белгија вршеле мерења на 476 волонтери кои доаѓаат од Западна Африка, Северна Европа, Јужна и Источна Азија. Научниците откриле дека само две од седумте карактеристики на носот се разликуваат помеѓу овие популации. Авторите веруваат дека овие разлики се резултат на природната селекција. Исто така, понатамошна анализа покажала дека обликот на носот е наследен.

За да докажат дека на обликот на носот влијае и климата, извршиле мерења на 140 жени од различно потекло, чии родители се уште живеат во својата татковина. Место на раѓање на нивните родители, било важно за да се утврди температурата и влажноста на воздухот, кој влијаеле на животот на нивните предци.

Резултатите покажале дека ширината на ноздрите е поврзана со температурата и влажноста во воздухот. Испитаниците чии предци живееле во топла и влажна клима имаа пошироки ноздри од оние кои живееле во постудените области.

Кога ноздрите се потесни, воздухот моќе да се загрее побрзо, бидејќи сувиот воздух делува на респираторниот систем. Научниците веруваат дека не постои добар и лош облик на носот, бидејќи нашите предци всушност се адаптирале на животната средина.

Тие не ја отфрлаат можноста дека и други фактори влијаеле на различните облици на носот и сметаат дека ова откритие може да помогне при лекување на некои болести бидејќи веќе доаѓа до големи климатски промени на кои сеуште се немаме навикнато.

Поддржете ја нашата работа: