Кои се варијантите за крај на човечката цивилизација?

Светот радикално се измени во текот на последниве 100 години. Научниците од Фондацијата за глобални предизвици и Институтот за иднината на човештвото на Универзитетот во Оксфорд, ги искористија своите истражувања за да создадат листа на 12 начини на кои најверојатно ќе се стави крај на човечката цивилизација на Земјата.

Оваа студија се однесува на тоа како разбирањето на големината на предизвиците може да му помогне на светот да се соочи со ризиците и може да помогне да се создаде поодржлив развој, истакнуваат авторите на студијата. Да, ова е научна проценка на можноста за заборав на човечката цивилизација, но исто така е и повик за дејствување, заснован на претпоставката дека човештвото е способно да се соочи со предизвиците и да ги претвори во можности.

1.Екстремни климатски промени

Научниците сметаат дека веројатноста за глобална координација е всушност најголемиот фактор којшто може да се контролира за да се спречат климатските промени. Тие исто така предупредуваат дека ефектите на климатските промени се најсилни во сиромашните земји, па масовните смртни случаи од глад и големите миграции може да предизвикаат глобална нестабилност.

2.Нуклеарна војна

Потенцијалот за намерен или случаен нуклеарен конфликт се’ уште постои, иако сега тоа е помалку веројатно, отколку во минатиот век, велат научниците. Сепак, тоа зависи од начинот на кој ќе се развиваат односите помеѓу идните и сегашните нуклеарни сили.

3.Глобална пандемија

Научниците веруваат дека постои основа за сомнежот дека ваква епидемија е возможна, при што способноста на медицинските системи би била клучна за спречување на катастрофата. Најголемата закана е тоа дали воопшто постои или не неконтролирано заразна болест.

4.Удар на голем астероид

Удар на астероид поголем од 5 км. би уништил област голема колку Холандија. Вакви настани се случуваат на секои 20 милиони години. Доколку би се случило вакво нешто, главната причина за уништување на човештвото не би бил првичниот удар, туку облаците од прашина што би дошле во атмосферата.

5.Супер вулкан

Исто како и од астероидот, најголемата опасност тука би биле облаците од прашина кои би ја блокирале сончевата светлина и би предизвикале глобална зима. Ефектот на ерупциите се споредува со оној од нуклеарна војна.

6.Еколошка катастрофа

Човештвото мора да го зачува еко-системот (кој изумира побрзо од историската стапка) или да се надева дека не зависи од него. Човештвото мора да развие одржлива економија за да го преживее ова.

7.Катастрофа на глобалниот систем

Сложените меѓусебно поврзани економски и политички системи се подложни на неочекуван неуспех предизвикан од структурата на мрежата. Колапсот на економијата би довел до општествен хаос, граѓански немири и распаѓање на законот и редот.

8.Синтетичка биологија

Научниците се загрижени дека некој намерно ќе создаде патоген кој ќе ја збрише човечката раса.

9.Нанотехнологија

Нанотехнологијата би можела да доведе до лесно создавање на многу оружје. Од особено значење е тоа дали нанотехнологијата овозможува создавање на нуклеарни бомби.

10.Вештачка интелигенција

Научниците сметаат дека „екстремната“ вештачка интелигенција нема да може лесно да се контролира и веројатно би се обидела да стекне максимум ресурси. Од друга страна пак, моќната вештачка интелигенција би можела да го олесни решавањето на сите гореспоменати ризици.

11.Лошо глобално владеење во иднина

Постојат две главни поделби на катастрофално владеење: нерешавање на решливите проблеми и активно предизвикување на полоши резултати. Пораката тука е дека ако политичарите не успеат да смислат решенија за проблемите на листава, и тие самите претставуваат ризик, за себе и по себе.

12.Непознати причини

На крај, научниците предупредуваат за „непознатото“ и повикуваат на што е можно повеќе детални истражувања. Наведуваат едно можно решение на „Парадоксот на Ферми“ – очигледното отсуство на вонземски живот може да значи дека интелигентиот живот се уништува самиот себеси пред да почне да се проширува во галаксијата.

Поддржете ја нашата работа: