Постојат некои прилично застрашувачки болести, но она што повеќето луѓе не го знаат е која од тие болести е најсмртоносна за човекот, во текот на неговата историја.
Како што ни објаснува „Business Insider“, тоа е маларијата.
Во текот на речиси 20 милиони години, паразитот која ја предизвикуваа оваа болест ги заразува луѓето, и нашите предци.
Оваа болест која ја пренесуваат комарците била застапена и во армиите на Џингис Кан и Атила, а заразени биле и Џорџ Вашингтон, Теодор Рузвелт, Абрахам Линколн и Џон Ф. Кенеди. Од оваа болест починал Александар Македонски, фараонот Тутанкамон и најмалку шест папи. Според некои истражувачи, речиси половина од сите луѓе кои некогаш живееле на земјата, починале од маларија.
Само помеѓу 1900 и 1950 година се проценува дека маларијата убила 100 милиони луѓе. Всушност, Центарот за контрола на болести бил основан во 1946 година пред се’ за да се бори против маларијата во САД.
Оттогаш, оваа болест е искоренета од голем дел од светот, благодарение на употребата на инсектициди, но се’ уште убива повеќе од половина милион луѓе секоја година.