Која музика ќе ви помогне да заспиете?

Луѓето кои заспиваат со помош на музика најчесто слушаат дела од еден изведувач или композитор – велат резултатите од онлајн истражувањето, спроведено од страна на Универзитетот Голдсмитс и Универзитетот Шефилд во Лондон, кое вклучило 651 испитаници.

Скоро 62 отсто од испитаниците одговориле дека пред спиење слушаат музика која им помага полесно да заспијат. Станува збор за 14 музички жанрови и 545 музичари.

Најпрактикувана, со 31,96% е класичната музика, натаму, рок музика која ја слушаат 10,82% од испитаниците, и поп музика со 7,47%. Најнепопуларна музика за заспивање е хеви металот, која пред спиење ја слушаат само 3,35% од испитаниците.

Редоследот на најзастапени уметници кои испитаниците ги слушаат пред спиење е следен: Јохан Себастијан Бах, второто место го делат Ед Ширан и Волфганг Амадеус Моцарт, на трето место е Брајан Ено, а четвртото место го делат Колдплеј и Фредерик Шопен.

Авторите на студијата заклучиле дека испитаниците ја сметаат музиката како средство за одвраќање на негативни мисли. Музиката е опција за многумина на кои им треба помош во борбата против несоница, не е скапа, а нема ни специфични нус-појави.

Пополарноста на музиката во борба против инсомнија не го изненадува ни директорот на Центарот за сон и спиење, Hans-Guentere Vis, од Германија, кој вели дека музиката на Моцарт и Бах конкретно го намалува бројот на отчукување на срцето и го успорува дишењето.

Станува збор за музика која има околу 60 до 80 такта во минута, а на тоа најчесто одговараат класичната музика и смут џезот. Еднакво опуштаат и келтската музика, индијанските инструменти или рок баладите посебно во инструментална верзија.

Во прашање е музика која е слична на медитацијата, која ја намалува активноста на нервниот систем, ја намалува анксиозноста, го намалува крвниот притисок и го намалува лачењето на хормонот кортизол.

“Што повеќе поединецот успева да се релаксира, му помага и да спие спокојно,” вели Вис, додавајќи дека една од овие методи е музиката.

Поддржете ја нашата работа: