Колку бавно растат белите ајкули?

Резултатите, објавени на интернет во „Marine and Freshwater Research“, претставуваат први релевантни податоци за растот на овој вид, односно ја покажуваат кривата на нивниот раст. Тие покажуваат дека мажјаците се сексуално зрели на околу 26 години, а женките  на околу 33-годишна возраст, многу подоцна отколку досегашните проценки од 4-10 години за мажјаците и 7-13 години за женките.

Освен за стапката на раст, овие наоди се исклучително важни и за процена на долговечноста на белата ајкула.

За да ја создадат кривата на растот, истражувачите комбинирaле информации за долговечноста на ајкулите, со преглед на врските во пар ‘рбетни примероци од 77 бели ајкули (Carcharodon carcharias), 41 машки и 36 женски.  Врските, кои се сметаат како да се прстени од дрво, се непроѕирни и проѕирни депозити поставени во низа, кои се менуваат паралелно со растот на животното. Стапката на таложење може да се менува со текот на времето.

Иако последниве години расте бројот на истражувања за белата ајкула, на пример, лани беше откриено дека нивната популација е во пораст, сепак многу малку се знае за нивниот начин на репродукција и исхрана.

Со новата проценка на животниот век од 70 години, белата ајкула е најдолговечната риба. Меѓутоа, бавното созревање значи дека тие имаат ниска стапка на репродукција. Тие и досега важеа за загрозен вид, иако рекреативно се ловат. Истражувачите се надеваат дека новите сознанија ќе придонесат за промени во риболовната политика.

 

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: