Колку добро го познавате вашето тело?


 

25. Ритамот на срцето може да се менува според музиката што ја слушате.

24. Кога човековото око би било дигитална камера, би имало 576 мегапиксели.

23. Човековите прсти може да почувствуваат ситни предмети со големина од 13 нанометри. Кога прстите би биле со големина на Земјата, би можеле да ја почувствуваме  разликата помeѓу куќите и автомобилите.

22. Сите имаме ситни грини кои живеат во нашите трепки.

21. Телото содржи доволно железо за да се направи клинец со должина од 7,5 сантиметри.

20. Слично како и отисокот од прст, секој човек има и уникатен отисок од јазикот.

19. За да се направи еден чекор, се користат до 200 мускули.

18. Самата пот е без мирис. Мирисот се создава кога ќе се помеша со бактериите што се наоѓаат на телото.

17. Должината на гастроинтестиналниот тракт, кој се протега од устата до анусот, изнесува околу девет метри.

16. Срцето кај човекот не се наоѓа на левата страна на телото, туку во средината.

15. Носот може да запомни 50.000 различни мириси.

14. Најголемиот дел од правта под вашиот кревет е всушност вашата мртва кожа.

13. Должината на крвните садови во телото изнесува околу 100.000 км.

12. Возрасен човек се состои од околу 7.000.000.000.000.000.000.000.000.000 атоми.

11. Бебињата имаат околу 60 коски повеќе од возрасните

10. Вкупната тежина на сите бактерии во телото изнесува околу 2 килограми.

9. Луѓето со сини очи се потолерантни на алкохол.

8. Срцето може да продолжи да чука, дури и ако се одвои од телото, бидејќи поседува сопствен електричен импулс.

7. Во устата има повеќе бактерии отколку што има луѓе во светот.

6. Луѓето исфрлаат околу 600.000 мртви клетки од кожата секој час или околу 3 килограми годишно. До 70-годишна возраст човекот просечно губи околу 200 килограми кожа.

5. Човекот продуцира просечно околу 24.000 литри плунка во текот на животот. Тоа е доволно да се наполнат два базени.

4. Мозокот се развива до 40-тите години од животот.

3. Највисоката измерена температура кај човек била 46,5 степени Целзиусови.

2. Ако се одмота ДНК од сите клетки во човечкото тело би се протегала повеќе од 10 милијарди километри – од тука до Плутон и назад.

1. Секој ден, срцето создава енергија која е доволна за еден камион да вози преку 30 километри.

Поддржете ја нашата работа: