Колку е сериозна опасноста од вулканите?

Еве неколку од нив кои би можеле да претставуваат голема потенцијална опасност за населените области.

Везув, во Италија беше одговорен за можеби најпознатата вулканска катастрофа која во 79 годнина од н.е. ги уништила римските градови Помпеја и Херкуланеум. И денес овој вулкан може да претставува огромна закана за градот Неапол, кој се наоѓа на помалку од  10 км. оддалеченост.

Планината Сент Хеленс, која катастрофално експлодирала во 1980 година, би можела повторно насилно да се разбуди и да исфрли 30 000–метарски столб, што ќе го приземји воздушниот сообраќај, ќе предизвика непоправливи штети на земјоделието, водата и електричната енергијата и ќе ги потопи во пепел градовите Портланд и Сиетл.

 


Векови пред шпанската колонизација на Мексико во 1500-тата година, Попокатепетл еруптирал и ги закопал пирамидите на Ацтеките во лава. Повторно се активирал во 1994 година и би можел да претставува огромна опасност за 25-милионската популација што живее во Мексико Сити и за другите заедници што живеат во околината.

Планината Фуџи во Јапонија не еруптирала во последните 300 години, што ги наведува научниците на загриженост дека нова ерупција е неопходна. Вулканот се наоѓа на само околу 100 км. од Токио и во една студија од средината на 2000-тата, се проценува дека една голема ерупција може да загрози 30 милиони луѓе и да предизвика материјална штета од над 21 милијарда долари.

Кратерот Лаки на Исланд не се наоѓа во близина на голем населен центар. Но, сулфурниот облак што може да го исфри би ја променил климата во Европа, би ја  блокирал сончевата светлина и би ги уништил посевите.

Невада дел Руиз во Колумбија е највисокиот и најсеверниот активен вулкан во таа земја. Катастрофално еруптирал во 1985 година, кога се проценува дека загинале 23 000 лица. Негова ерупција во денешно време би загрозила 500 000 жители од регионот.

Вулканот Нирагонго на источната граница на Демократска Република Конго, во чија база лежи градот Гома со 1 милион жители, е еден од најмалку проучуваните вулкани на светот, што ја зголемува вознемиреноста за  тоа што ќе се случи ако евентуално еруптира.

Вулканот Марапи во Индонезија е оддалечен само нешто повеќе од 30 км. од Џакарта, град со 500 000 жители. Тој се наоѓа во земја каде над 120 милиони луѓе живеат под сенките на 30 вулкани.

Поддржете ја нашата работа: