Пирамидата од Перу предизвика голем интерес кај научниците

Пирамидата Ел Волкано е пронајдена во долината Напена во Перу во 1960та година, а сеуште привлекува внимание на експерти бидејќи е изградена во облик на вулкан. Кога се гледа од горе, на врвот може да се забележи и кратер.

Новата студија е објавена во списанието Antiquity. Лидерот на истражувањето Проф. Роберт Бенфер од Универзитетот Мисури сакал детално да ја проучи оваа необична пирамида, висока 15,5 метри.

Научниците ископале дупка низ кратерот и пронашле разрушени скали кои воделе до една просторија. На самиот крај на скалите се пронајдени остатоци од јаглен и школки, што јасно докажува дека луѓето на ова место палеле оган.

Со помош на датирање, научниците откриле дека огнот се палел помеѓу 1492ра и 1602ра година. Тие исто така нагласуваат дека во 1521ва, 1538ма, 1539та и 1543та се случувало затемнување на Сонцето кое било видливо од пирамидата, а научниците сметаат дека палењето на оган не било случајно.

Бенфер верува дека можеби пронашле остатоци кои се користеле за време на обреди, бидејќи луѓето од тоа време, затемнувањето на Сонцето го доживувале како радост, а не како страв. Можеби средиштето на Ел Волкано било место каде што се славела победата на Месечината над Сонцето.

Научниците сеуште не знаат кога настанала оригиналната структура и сошто е направена во облик на вулкан, бидејќи на тоа подрачје нема вулкани кои би можеле да послужат како модел. Претпоставките се дека пирамидата настанала помеѓу 900. и 200та година пред Христа, бидејќи во тоа време луѓето почнувале да градат големи градби кои им служеле за обреди.

Поддржете ја нашата работа: