Колку напредни би требало да бидат вонземјаните за да контактираат со Земјата?

Пред неколку месеци, јавноста се возбуди за мистериозниот радио сигнал кој беше детектиран и се чинеше дека потекнува од ѕвездата „HD 164595“.

Ѕвездата се наоѓа на оддалеченост од 94 светлосни години од Земјата, па таа голема далечина, заедно со необјаснетата природа на сигналот, ги натера луѓето да размислуваат дека ако тоа е навистина сигнал од некоја вонземска цивилизација, тогаш тие би требало да имаат некоја навистина напредна технологија за да го испратат сигналот на толкава далечина.

Подоцна, оваа аномалија беше објаснета како нарушување предизвикано од руски сателит, но кога навистина би била вонземен сигнал – колку напредна би требало да биде нивната цивилизација за да го направи тоа?

Како што ни објаснува видеото од „Wall Street Journal“, најпопуларната рамка за разгледување на ова прашање е наречена Кардашева скала и е предложена од советскиот астрофизичар Николај Кардашев во 1964 година.

Оваа скала е сосема хипотетичка, но е корисна бидејќи ни дава три различни фази на напредок, наречени Тип 1, Тип 2 и Тип 3 цивилизации, кои всушност мерат колку едно општество е технолошки напредно и колку далеку во вселената би можело да испрати сигнал, доколку на пример сака да комуницира со нас.

Погледнете го видеото за да ви биде појасно.

Поддржете ја нашата работа: