Чудниот сигнал од вселената сепак е Руски

Истражувачите што работат на радиотелескопот Ратан-600 во Русија, потврдија дека „необичниот сигнал“ кој неодамна предизвика големо внимание во јавноста, е обично нарушување предизвикано од Советски сателит.

„Навистина откривме необичен сигнал. Сепак, дополнителната проверка покажа дека тој потекнува од Советски воен сателит, кој не е влезен во ниеден каталог за вселенски тела“ –изјави Александер Ипатов од Руската академија на науки и член на тимот, за Руската новинска агенција ТАСС.

За потсетување, пред неколку дена, медиумите ја проширија веста дека бил детектиран чуден сигнал, откако познатиот писател Пол Гилстер пишуваше за ова во својот блог „Centauri Dreams“.

Овој сигнал кој првично бил откриен во мај 2105 година се сметаше дека доаѓа од ѕвездата „HD 164595“. Тој бил необично силен, со бранова должина од 2,7 см, со фреквенција од 11 GHz, кој може да се спореди со дигитален ТВ сигнал.

Тоа што го прави целиот случај уште поинтересен е и фактот дека ѕвездата „HD 164595“, од која се мислеше дека доаѓа сигналот, е многу слична на нашето Сонце. Таа е само за еден процент полесна од Сонцето, помлада е 100 милиони години, има слична температура, па дури е и составена од истите елементи.

Сега, истражувачите кои првично го детектираа сигналот ги разјаснија работите. Тие потврдија дека анализите на необичниот сигнал покажале дека се работи за обично нарушување, односно пречка која потекнува од Земјата. Тоа значи дека сигналот дошол од Советски воен сателит, кој некако се помешал со нивните наоди, што ја објасува неговата необична јачина.

Истражувачите велат дека подготвуваат официјално соопштение кое ќе биде испратено до медиумите.

Поддржете ја нашата работа: