Колку вода има на Земјата во споредба со другите светови во нашиот Сончев систем?

Иако на Земјата има 1,3 милијарди кубни километри вода, во споредба со останатите делови од Сончевиот систем, нашата планета практично е пустина.

На пример, месечината на Јупитер, наречена Европа, која е приближно голема колку и нашата Месечина, веројатно под површината крие океани со двојно повеќе вода отколку на Земјата. Но, дури и тоа не е ништо во споредба со соседот на Европа, Ганимед, каде што се смета дека има 30 пати повеќе вода отколку на нашата планета, во течна состојба и како мраз. А научниците наоѓаат сѐ повеќе вода во Сончевиот систем. На 28-ми септември истражувачите известија дека и малата месечина на Сатурн, наречена Диона веројатно, исто така има океани под површината.

На графиконот подолу изработен според податоците добиени од Стив Венс од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА може да се види каде се наоѓа Земјата во споредба со можното количество на вода (во течна состојба и како мраз) на деветте досега потврдени водени светови во Сончевиот систем.

bi-graphics_water-on-earth

Според количеството на вода што го содржат, почнувајќи од најмалото кон најголемото, тоа се: Енцелад, Диона, Земјата, Европа, Плутон, Тритон, Калисто, Титан и Ганимед.

Научниците сметаат дека и Мимас – месечина на Сатурн и Церара – најголемиот астероид во Сончевиот систем, исто така имаат океани со вода под површината, но сѐ уште не се сигурни со колкави размери се тие.

Текстот е објавен во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: