Доколку постоеше дупка низ целата планета и доколку паднете во неа, што мислите дали ќе пропатувате до другата страна или ќе загинете во центарот?
Дечките од „Life Noggin“ на нивниот „Youtube“ канал го разгледуваат ова прашање темелно земајќи ги предвид гравитацијата, динамиката и еден куп други сили кои можат да делуваат при самиот пад (нормално ова е се под претпоставка дека топлината и други слични работи нема да ве убијат).
Одговорот можеби ќе воодушеви некои луѓе, бидејќи времето потребно е околу 42 минути.
Зошто толку долго? Погледнете во видеото за да дознаете што се случува.
Поддржете ја нашата работа: