На планетата постојат 7,6 милијарди луѓе, а дневно се раѓаат во просек 353.000 деца – велат од УНИЦЕФ. Но колку младенчиња дневно раѓаат животните? -На светот постојат 7,7 милиони видови на животни, со тоа што 95% од океаните не се истражени, а на копното поретко но сигурно наоѓаме по некој нов вид.
“Животното е живо суштество што се храни со органска материја, има органи за чувства и нервен систем што брзо реагира на дразби”, вели дефиницијата од речникот на „Оксфорд“, што значи дека во бројката мора да се вклучени и цицачи, ’рбетници и безрбетници како и животни што лежат на јајце.
Би-Би-Си поради озогласеното размножување започнува од зајаците. Друштвото за диви животни во Велика Британија вели дека на островот живеат околу 40 милиони, а во текот на годината имаат во просек по седум легла со три до седум младенчиња.
Кога секоја женка на светот би имала седум легла, на пример, пет зајачиња по легло, тоа би значело дека дневно ќе се раѓаат 1.917.808 младенчиња. Тоа исто така би значело дека Англија би била преплавена со зајаци, што не е случај. Тоа има врска со високото ниво на морталитет меѓу младенчињата, па така, по легло можеби едно или две ќе достигнат зрелост.
Но што е со помалку распространетите видови, како хумболтовиот пингвин? Тие имаат по околу четири јајца годишно, но не сите го преживуваат периодот на инкубација. Се проценува дека годишно се раѓаат 14.400 хумболтови пингвини, што излегува дека дневно преживуваат околу 40 пингвини од овој загрозен вид.
Многу научници, како Моника Бохм од Институтот за зоологија во Лондон, сметаат дека обидот да се пресмета точниот број е невозможен бидејќи не се знае ни приближно доволно за репродуктивните навики на сите видови на планетата.
Но професорот Аксел Росберг од Универзитетот „Квин Мери“ верува дека постои одговор. Тој вели дека постои корелација помеѓу големината и комплексноста на организмот и бројот на потомци.
Тоа значи дека постојат повеќе пчели од слонови и повеќе мравки од мравојади.
Кога станува збор за пчелите, просекот покажува дека матицата дневно положува 1.500 јајца. Во јануари 2018 година 241.461 кошница во Британија биле изброени, што значи дека дневно се раѓаат 371.191.500 пчели.
Животните кои ги има во најголем број на планетата се можеби нематодите, меѓу кои и детските глисти. На метар квадратен земја во просек има три милиони нематоди.
Еден од подвидовите, наречен Caenorhabditis Elegan, положува дури 5 јајца на секој час, а Аксел дошол до заклучок дека дневно се раѓаат околу 600 трилиони нематоди.