Компликации при отстранувањето на срамните влакна

Отстранувањето на срамните влакна стана популарен тренд меѓу жените, иако многу здравствени професионалци советуваат против тоа поради можниот ризик за враснати влакна, чешање и инфекции.

Една неодамнешна студија објавена во „American Journal of Obstetrics & Gynecology“ открива дека поголемиот дел од жените кои ги отстрануваат срамните влакна (целосно или одреден дел) искусуваат одредени компликации како резултат на таа козметичка одлука.

„Жените не го разбираат ризикот од отстранувањето на срамните влакна поради тоа што безбедно отстрануваат влакна од други делови од нивното тело“, вели Андреа ДеМариа, главен истражувач од Центарот за интердисциплинарни истражувања за здравјето на жените.

Таа заедно со своите колеги спровела анкета на 369 жени на возраст од 19 до 40 година, која се однесувала на нивните навики за отстранување на влакната, како и можните компликации од тоа. Резултатите покажале дека 87% од жените постојано ги отстранувале сите, или само дел од срамните влакна, додека останатите се депилирале најмалку еднаш во нивниот живот. 60% од жените изјавиле дека имале најмалку една здравствена компликација предизвикана од отстранувањето на влакната, вклучувајќи епидермални абразии и враснати влакна.

Истражувачите забележале дека послабите жени почесто ги отстранувале влакната отколку оние со прекумерна телесна тежина, но токму тие со прекумерна телесна тежина имале двојно поголеми жанси за компликации од останатите.

Помалку од 5% од жените посетиле доктор во врска со компликациите поврзани со отстранувањето на влакната и разговарале за побезбеден начин за отстранување на истите.

За да се избегнат компликациите, како изгореници, чешање, абразии, генитални инфекции и враснати влакна, ДеМариа препорачува првично да се скратат срамните влакна со стерилизиран електричен брич (машинка), потоа да се навлажни кожата со топла вода и сапун без арома, па потоа да се избричат влакната спротивно од правецот на растење со нов брич. Потоа наместо да се трие областа со пешкир за да се исуши, едноставно да се истапка, бидејќи нема влакна за да ја заштитат кожата од триењето. Исто така, се препорачуваат лесна памучна долна облека која овозможува циркулација на воздухот.

Поддржете ја нашата работа: